Каракамишева: ВМРО-ДПМНЕ соработува со општините за разлика од претходните власти

 

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, дискутираше професорката на правниот факултет Тања Каракамишева.

На самиот почеток Каракамишева истакна дека со ВМРО-ДПМНЕ соработката е многу поголема за разлика од претходните власти кога таа соработка воопшто ја немало.

„Кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ имаме многу поголема синергија и многу поголема соработка за разлика од претходните власти. За разлика од претходните власти кога немавме воопшто соработка, сега веќе имаме голем процес на раздвижување на активностите врзани со министерството за образование, за прв пат после многу долго време, министерството за образование даде средства за финансирање на научни проекти, исто така имаме голема соработка и со министерството за локална самоуправа но и со сите останати министерства“, рече Каракамишева.

Каракамишева истакна дека ресурсниот центар со поддршка на Владата и на локалната власт ќе има исклучителни резултати во делот на поддршка на општините на единиците на локалната самоуправа, но и во градењето на институционалните капацитети.

„Ресурсниот центар една извонредна иницијатива којашто почнува за заживува, и во следниот период со поддршка на министерството но и на целата Влада и на локалната власт ќе имаме исклучителни резултати во делот на поддршката на општините на единиците на локалната самоуправа, во делот на градењето на институционалните капацитети но и отворање на целата онаа визибилност на самите единици на локалната самоуправа со цел да се воспостави хоризонтална но и вертикална комуникација меѓу единиците на локална самоуправа, централната власт и меѓу министерската соработката“, посочи Каракамишева.

24.08.2025 - 11:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега