Меџити: Објавуваме војна на црниот бизнис со казината

Во интервјуто во 10МИНУТИ на ТВ21, првиот вицепремиер Изет Меџити изјави дека резултатите од војната против казината веќе почнале да излегуваат на виделина, и дека наскоро Владата ќе донесе одлуки за борбата против црниот бизнис со коцкарниците.

„На последната седница на Владата беше донесена одлука за раскинување на договорот за објектот кој беше закупен со енормни суми, каде се инволвирани високи функционери на поранешната власт, исто така уште две точки мора да поминат на следната седница на влада, на која ќе се донесе одлука за укинување на онлајн казината, а ќе се објави војна на бизнисот со казина кои работат на црно, нелегално, што е околу 50% од тој бизнис“, рече Меџити.

19.09.2024 - 23:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега