Меџити: Не сакаме по секоја цена да бидеме дел од некоја влада која нема да биде европски настроена


Претседателот на Демократско движење, Изет Меџити во изјава за медиумите денеска истакна дека нивната коалиција „Вреди“ не сака по секоја цена да бидат дел од некоја влада која нема да биде европски настроена.

-Ние не сакаме да бидеме по секоја цена од некоја влада која нема да биде европски настроена. Значи, не со било кој. Цениме дека таква партија е само Левица, која е антиевропски настроена и со нив не би сакале да сме во иста влада. Другите партии, кој повеќе – кој малку се европски настроени. Наш приоритет е европската интеграција, рече Меџити по средбата со граѓаните во Старата скопска чаршија.

Одговорајќи на новинарско прашање околу тоа кои се условите кои ќе им ги предочат на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христина Мицкоски при преговарање за коалицирање, Меџити нагласи дека тие засега се фокусирани во промовирањето на нивната изборна програма.

-Ние сега сме фокусирани на промовирање на нашата програма и на победата и убедени сме дека ние ќе бидеме претставници и ќе го имаме легитимитетот на Албанците и ќе имаме повеќе пратеници Албанци. Ќе го имаме Бадентерот. Ова е нашиот фокус до 8 мај, потоа ќе седнеме и ќе преговараме за програмата на владата каде што ќе има усогласување, рече тој.

Прашан околу временскиот рок кој би бил идеален за отворање на Уставот и спроведување на измените за да може да се одглави процесот, Меџити истакна дека откако ќе заврши изборната кампања ќе седнат на масат и ќе преговараат.

-Сега сме фокусирани на победата, на програмата, на контактите со граѓаните, со гласачите. Да завршиме со тоа, потоа ќе седнеме на маса и ќе разговараме и ќе преговараме. Ние сме стожер и партнер и на меѓународната заедница и на граѓаните дека Македонија ќе се движи по патот кој што е единствена алтернатива за земјата, а тоа е евроатланскиот процес, рече тој.

Околу договорот за составување влада победникот од македонскиот блок со победникот од албанскиот блок, Меџити потсети дека ДУИ во 2016 година го прекршила овој договор и потенцира дека тие немаат право да го бараат истото откако ќе прекршиш некое правило.

-Тоа беше во 2006 година кога ДПА откако ги изгуби изборите беше дел од владата. Во 2008 година имаше мајски договор каде беше предвидено победникот кај Албанците и победникот кај Македонците да коалицираат и да направат влада. Но во 2016 година токму ДУИ тоа го прекрши бидејќи ВМРО-ДПМНЕ доби 51 пратеник а СДСМ 49 и ДУИ одлучи самиот договор да го прекрши и од ова призма добро направи што го прекрши бидејќи тоа беше потребно за државата. Кога ќе прекршиш некое правило, немаш веќе право да го побараш истото од другиот. Тоа е првиот факт. Вториот факт и аргумент кој не оди во прилог на нив е дека на овие избори по 22 годинизаради „Влен“, заради што има силна опозиција Ахмети спасот го бараше кај Ромите, Турците, Босанците што е легитимно што направи коалиција со нив, но веќе не може да се повикува дека таа е албанска опција бидејќи разликата во гласови ја направи со помош на помалите заедници. Чиста албанска опција е само „Влен“ и сите знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ја води новата влада. Ниту еден аргументи ништо не оди во прилог на нив, рече тој.

Меџити е убеден дека на парламентарните избори на 8 мај на парламентарните избори тие ќе бидат „легитимни претставници на Албанците како победници со најмногу број гласови и пратеници“. 

29.04.2024 - 14:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега