Маж од САД кој удри Азијка повеќе од 100 пати е осуден на 17 години затвор
Маж кој беше снимен како удира постара Азијка повеќе од 100 пати и ја гази по телото во Јонкерс, Њујорк, е осуден на повеќе од 17 години затвор.
Ова во вторникот го соопштија обвинителите.
„Денеска го затвораме поглавјето за едно од најнасилните и најшокантните злосторства од омраза што сме ги виделе во округот Вестчестер“, изјави окружната обвинителка Миријам Рока, а пренесе Си-Ен-Ен.
Тамел Еско (42) се изјасни за виновен за напад во септември. Тој е осуден на 17,5 години државен затвор, а по ослободувањето ќе биде под петгодишен надзор.
На видео снимката од инцидентот, кој се случи на 11 март, се гледа како Еско најпрвин ја нарекува „азиска кучка“ 67-годишната жена која поминала покрај него, пишуваат медиумите.
Жената потоа влегува во нејзината станбена зграда и ги става клучевите во вратата, а Еско ја следи и ја удира со тупаница во главата.
Откако 67-годишната жена паднала на земја, Еско ја удрил повеќе од 100 пати, ја газел и ја плукал. По нападот, жртвата имала крварење во мозокот и повеќекратни скршеници на лицето.
„Бев бездушно плукана, тепана и клоцана повеќе од 100 пати од потполн странец само поради моето потекло. Мојата единствена надеж е дека Бог и кривично-правниот систем ќе се погрижат тоа да не се случи на уште едно невино семејство“, додава таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа