Дебарчанец заминал на работа во Италија, па од таму упатувал закани кон сопругата и децата

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.С.(46) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство.

Пријавениот, кој бил на привремена работа во Италија, подолг временски период преку социјални мрежи упатувал закани на неговата сопруга, а ги вознемирувал и нивните деца.

26.07.2024 - 20:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега