19-годишен дилер на дрога од радовишко падна во рацете на полицијата
Денеска во 06.40 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Е.З.(19) од село Бучим, радовишко.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдена околу 800 грама марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Е.З. ќе биде поднесена соодветна пријава.
07.09.2024 - 12:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа