Физички нападнат Никола Димитров додека пазарел

 

Поранешниот министер за надворешни работи и потписник на Преспанскиот договор Никола Димитров објави на Фејсбук дека утрово, додека пазарел, бил нападнат од непознат човек, кој се однесувал агресивно и заканувачки.

„Утрово додека нешто пазарев имав непријатна случка со човек кој ни го знам ни го познавам, а кој ме нападна со агресија и закани. Не знам точно зошто, оти не кажа, веројатно политички, а јас политички сум толку свој што може од сите страни да бил инспириран Шегата настрана, ние сме јавни личности, ние мораме да имаме повисок праг на толеранција на критика и да сме свесни дека не сите граѓани ќе ја почитуваат или ќе се задоволни од нашата работа. Но, во моментот кога таа критика е изблик на вербална или физичка агресија, мора да се реагира. Должност е да се реагира. Затоа и случајот уредно го пријавив. Јас сум добро, самиот инцидент не сакам ни да го коментирам, си бркаат работа органите на редот, ама очигледно не е добра македонската демократија и тоа си заслужува коментар.
Мора да сме и подобри и позрели од ова, пријатели, инаку сите ќе се удавиме во примитивизам. Прашањето ќе биде само кој ќе биде прв“, вели Димитров.

03.11.2024 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега