Минчев: „Градиме модерна, професионална и департизирана јавна администрација“
По повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, Министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка до сите работници во државата, со посебна благодарност до административните службеници кои, како што рече, се „двигатели на секојдневното функционирање на државата“.
„Овој ден е не само симбол на работничките права, туку и потсетник дека реформите мора да се водат со интегритет и визија. Денес, повеќе од кога било, граѓаните бараат ефикасна, стручна и департизирана администрација – и ние работиме токму на тоа“ - истакна министерот Минчев.
Тој потенцираше дека тековните реформи што ги спроведува Министерството за јавна администрација се насочени кон:
• воспоставување јасни критериуми за вработување и напредување,
• обезбедување фер плати и подобрени работни услови,
• зајакнување на транспарентноста и отчетноста во институциите.
„Работиме на администрација која ќе биде партнер на бизнисот, поддршка на граѓаните и двигател на европските интеграции. Времето на неефикасност и политички влијанија мора да остане зад нас. Нашата цел е модерна администрација по европски стандарди – достапна, професионална и ориентирана кон резултати“ - додаде Минчев.
Министерството за јавна администрација упати порака за континуиран социјален дијалог и заедничка работа со синдикатите, како предуслов за одржливи реформи и вистински напредок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа