Малолетник нападнал 19-годишник - му се заканувал со метален предмет
Малолетник бил пријавен во полиција во Неготино дека физички нападнал момче, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Вчера во 13.20 часот во Полициска станица Неготино, извршен бил разговор со малолетник, во присуство на родител и адвокат, во врска со пријава од А.П.(19) од Неготино, дека во неговиот дом бил физички нападнат од малолетникот и му се заканувал држејќи метален предмет, соопштија од СВР Велес.
Предметот бил пронајден и одземен, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе бил поднесен соодветен поднесок.
09.03.2025 - 12:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа