Макпетрол: Цената на гасот во март ќе се намали за 11%
Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец март ќе се намали за 11% за мегават час, во однос на цената за месец февруари оваа година.
Воедно, од компанијата информираат дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 7,5 денари за килограм, во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 82,5 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 75 денари за килограм или 53,1 денари за литар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа