Македонско здружение нуди превоз со сендвичи и вода за митингот на Вучиќ во Белград

 

Здружението „Мир, слога, стабилност“ организира превоз до Белград за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ за собирот најавен за 26 мај.

„Да го поддржиме човекот кој животот го посвети на Србија! Одважи се на повикот на Претседателот Вучиќ и дојди со нас во Белград! Организираме превоз до Белград на 26.05 (петок) на најголемиот собир досега одржан во Србија, а сите заинтересирани нека се обратат на телефонскиот број на здружението и нека го резервираат своето место“, стои во објавата на здружението за собирот на власта во Србија кој ќе се одржи на 26 мај.

Според најавите, на 26 мај во Белград ќе пристигнат автобуси од Куманово, Скопје и другите градови во Македонија, јавува „Н1“. Телевизијата која ја анализираше темата извести дека превозот е бесплатен, а кога се јавиле на телефонскиот број организаторите им кажале оти обезбедиле вода и сендвичи за патниците.

Во Куманово превоз за Белград на лична иницијатива организира советникот Мирослав Тричковиќ.

„Ова е моја лична иницијатива, која ја почнав бидејќи во Куманово има многу српски граѓани кои гласаат. Покрај изборното место во Скопје, тука претседателот Вучиќ доби најголема доверба од граѓаните, повеќе од 90 проценти“, вели Мирослав Тричковиќ, советник во Куманово.

Политиката и пријателство се совпаѓа со реалноста дека околу 30 отсто од граѓаните на Македонија имаат семејни врски во Србија. Според анкетите, повеќето граѓани, вклучително и етничките Македонци, Србија ја гледаат како нивен најголем пријател од сите земји, пишува „Н1“.

22.05.2023 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега