Лефков: Бисера со службена картичка купила авионски билети за Лондон, но не заминала и парите пропаднале
Бисера Антоанета не можела да стигне секаде каде што сакала, трошела пари на авионски билети, плаќала со службена картичка, а потоа не одела на пат, парите пропаѓале. Ова не е случај само со 3000 евра платени за карти за Дубаи, тоа е случај и за две авионски карти платени за Лондон, рече денеска на прес-конференција Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Бисера Антоанета платила две авионски карти на релација Приштина – Лондон во еден правец во висина од 44.900 илјади денари, а потоа не заминала на пат и парите пропаднале. Иако патувањето не се реализирало, Бисера Антоанета ги оправдала потрошените пари со купените карти. Не е првпат Бисера Антоанета да купува авионски билети и за илјадници евра, а потоа да не го реализира патувањето. Многу логично се поставува прашањето, ако истата работела според план и програма, тогаш многу лесно ќе се предвидело каде може да отиде, а каде не, очигледно е дека Бисера Антоанета сама како ќе и текне си резервирала карти и плаќала илјадници евра само затоа што мислела дека може и сакала да прошета секаде. Ова е раскалашено однесување и доказ како СДС ја ограбувале државата“, вели Лефков.
За утре најави дека ќе објави нови детали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа