Кристина Димитри се брцка во џакузи со новиот партнер
Атрактивна е и згодна. Мисицата, и поранешна пејачка има убав маж покрај себе, со кој вели дека е среќна.
Србин е, и по повеќе од 10 месеци врска уште не го открива неговото име.
Но, со фотографиите на социјалните мрежи, Кристина Димитри покажува како го поминува времето со саканиот претежно во Белград.
Последната фотографија која ја сподели е како уживаат во џакузи.
Задникот овој пат е во прв план.
Тридесет девет са два- напиша покрај фотографијата таа.
Во една прилика за домашните медиуми Кристина откри како почнала нивната врска:
„ Да бидам искрена, нашата љубовна врска почна во истата секунда кога се запознавме. Ми кажа: „Ти си таа, тоа е тоа“. Оттогаш не сме се разделиле, заедно сме секогаш и секаде, а јас сум навистина среќна. Нема да кријам и со радост велам – мојот партнер искрено ме сака и ме чува себично само за себе. Но, кога е во прашање работата, нормално дека ме поддржува и секогаш е покрај мене“, раскажа таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа