Пандов: Еден затвореник државта ја чини 10.000 евра годишно

Еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над 10 илјади евра годишно, во зависност од затвор до затвор. Моментално во државата има 2 400 затвореници и уште толку чекаат да влезат во затворите, изјави директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов.

Намалувањето на затворската популација, посочи Пандов, може да се направи на три начини - преку условен отпус, електронски надзор и подобра ресоцијализација на осудениците, затоа што 60 проценти се повратници.

- За жал, Македонија досега требаше да има комплетен нов и супер современ затвор затвор во Идризово, но освен фаза еден не е направено ништо. За жал, изградена е само првата фаза на затворот Идризово и тоа во време на минатото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, до 2023 година требало и втората фаза да биде завршена. Не е. Не е направено ништо по тоа прашање, пари има. Тој заем е направен уште во 2010-2011 година, меѓутоа за жал парите коишто се сега обезбедени ни се под мораториум затоа што од главната крунска организација која што прави контрола на затворите ЦИПИТИ односно Организацијата за превенција и борба против тортура, еве следната недела треба од 7 до 10-ти да присуствува да направи повторно контрола на македонските затвори и јас се надевам искрено дека во овие три минати месеци колку што не само јас туку и новите директори на македонските затвори успеавме да ги подобриме колку толку работите дека ќе бидат одмрзнати тие средства и веќе следната година со Господ напред дека ќе започне втората фаза, а со самото тоа ќе се отворат, изјави Пандов.

04.10.2024 - 21:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега