Борис Џонсон: Нетанјаху ми стави прислушкувач во wc
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон тврди дека по посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред неколку години, пронашол апарат за прислушување во својата бања, пренесува Дпа.
Џонсон вели дека неговиот безбедносен тим го пронашол уредот за време на проверка на бањата по посетата на израелскиот премиер во 2017 година, кога тој беше министер за надворешни работи. Поранешниот конзервативен лидер во своите мемоари напиша дека Нетанјаху за време на состанокот се извинил и заминал во тоалет.
„Случајно или не, ми беше кажано дека подоцна, при редовната потрага по ‘бубачки’, во тоалетот бил пронајден уредот“, пишува Џонсон во своите мемоари, кои треба да излезат на 10 октомври.
Не е познато дали израелската влада била контактирана за инцидентот.
Џонсон ќе зборува повеќе за откритијата од своите мемоари во интервју за ИТВ утре вечер. Интервјуто што Би-би-си требаше да го има со Џонсон вечерва беше откажано откако водителката Лора Куенсберг случајно му ги испратила на поранешниот премиер своите подготвителни белешки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа