Крадци пустошеле низ Гостивар: Краделе добиток и разни машини

 


Во село Долно Палчиште, општина Боговиње, вчера во 12.40 часот  полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода И.С.(43) од село Селце Кеч, општина Боговиње, а во 17.30 часот на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Ш.(42), исто така, од село Селце Кеч.

МВР денеска соопшти дека тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на подрачјето на Гостивар и општина Врапчиште, каде што одзеле добиток и разни видови на работни и други машини.

- Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар и кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе им бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштија од МВР.

12.11.2024 - 11:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега