Костадиновска-Стојчевска: Владата ги продолжува нашите проекти, а ги нарекуваа криминални

„Она што ме загрижи од новата владина програма е најавата за инвестиција од над 400 милиони евра, а морам да потсетам дека јас бев пратеник во претходниот парламентарен состав кога ја исплативме последната рата од онаа позајмица што се зеде во 2012 година за Скопје 2014 година“, рече пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Таа додаде дека и е драго дека голем дел од проектите претставуваат продолжение на се она што го работел претходниот владин состав.

„Сега многу голем дел од тие работи се прифатени и се дел од владината програма. Драго ми е што добрите практики се прифаќаат и се продолжува понатаму. За се она што спомнувало дека ние сме го правеле погрешно, дека било криминално и сомнително, сега е дел од новата владина програма“, заклучи Костадиновска-Стојчевска.

24.06.2024 - 21:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега