Македонија пат: На терен сме со цела механизација - сите сме на работа
„ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта - Македонија пат, со целокупната механизација и работна сила е на терен и во континуитет врши расчистување на државните патишта. Исто така на располагање се ставени и “трети лица” (компании кои соработуваат со ЈП Македонија пат) и истите се вклучени во расчистување на снегот на магистралните и регионалните патишта“, велат од Македонија пат преку писмено соопштение испратено до медиумите.
„Апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови со кажест снег на коловозот и затоа апелираме да се следи временската состојба и сите граѓани кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта.
ЈП Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен“, велат од Македонија пат.
12.01.2025 - 11:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа