СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Неспособни сте да се справите со снегот
Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ со справување со последиците од снежните врнежи прераснува во закана за безбедноста на граѓаните. Снегот предизвика вистински хаос во сообраќајот, не само во населените места, туку и на регионалните патишта и на автопатите, обвинуваат утрово од опозициската партија.
„Автопатот „Пријателство“, кај селото Миравци е заледен.
Автопатот кон Грција е заледен, и покрај тоа што оваа зима, само досега, државните институции потрошиле 219 милиони денари (3.569.106 евра) за сол и ризла.
Најголеми се тендерите на Јавното претпријатие за одржување на патишта „Македонија пат“, кое засега има склучено три двегодишни договори во вредност од по 1,3 милиони евра годишно за сол и ризла.
Но, поради неспособноста на надлежните сообраќајот се одвива отежнато и се зголемува опасноста од незгоди.
Пред само неколку дена бројни граѓани со часови беа заглавени во километарски колони во Маврово. Хаос се случи и на патот Тетово – Попова Шапка, каде што патиштата останаа целосно неисчистени. Дополнително, патот до Галичник беше непрооден повеќе од еден месец, оставајќи ги жителите на ова населено место во целосна изолација“, стои во соопштението на СДСМ испратено до медиумите.
Владата на ДПМНЕ и Мицкоски потфрли и со снегот, доведувајќи ги граѓаните во сериозен ризик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа