Кличко: Во Kиев нема струја, прекинато е и греењето
Клучната инфраструктура е оштетена во Киев по петдневни ноќни напади со руски беспилотни летала, кои предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење, изјави денеска градоначалникот Виталиј Кличко.
Водоснабдувањето е зачувано, рече Кличко.
Ноќеска повторно имаше напад со дронови на главниот украински град. Предупредувањето беше објавено во 1 часот по полноќ во понеделникот, а укинато е три часа подоцна, пренесува AFP.
Руските сили напаѓаат со беспилотни летала Шахид-136 од иранско производство. Руските воени блогери објавија дека Полтава, Харков, Доњецк, Днепропетровск, Миколаев и Керсон биле цел на големата офанзива што руските сили ја започнаа во четвртокот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа