Кина лансираше оптички сателит „Гаофин-11 04“

 

 

Кина во вселената лансираше оптички сателит со висока резолуција „Гаофин-11 04“ за набљудување на Земјата, пренесува агенцијата Анадолија.

Според новинската агенција Синхуа, сателитот бил лансиран од сателитскиот центар „Тајуен“ во провинцијата Шанкси со ракета „Лонг Марч 4Б“.

Се додава дека сателитот се сместил во планираната орбитална позиција по лансирањето.

Ова е 457. успешно лансирање на ракетите „Лонг Марч“.

Сателитот е наменет за следење на ресурсите на тло, урбанистичко планирање, проектирање на патната мрежа, прогнозирање на жетвата и следење на природни катастрофи.

​​​​​​​Кина првпат започна со производство на сателити „Гаофин“ во 2010 година за појасно и попрецизно да ја набљудува Земјата, а првиот сателит „Гаофин-1“ беше испратен во вселената во 2013 година.

27.12.2022 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега