Кичевчанец заврши со лисици на рацете: Во оптек пуштил лажни евра


Вчера во 03.00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен Р.Б.(28) од кичевското село Долно Страгомиште.

Тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикаже како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик.

Полицијата соопшти дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

08.05.2024 - 17:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега