Калтрина Зеколи Шаќири ја презеде функцијата заменик министер во Министерството за транспорт и врски
Калтрина Зеколи Шаќири и официјално ја презеде функцијата заменик министер во Министерството за транспорт и врски. Од стапувањето на функцијата, заменик министерката ја изрази својата длабока посветеност да работи максимално и да придонесе за развој на инфраструктурата и врските во нашата земја.
„Чест ми е што ја преземам оваа важна одговорност и ветувам дека ќе работам за доброто на нашите граѓани, нагласи г-ѓа. Зеколи Шаќири. Мојот придонес како заменик министер ќе биде важен во подобрувањето на услугите и развојот на проекти кои ќе донесат придобивки достапни за сите”.
Заменик-министерката ја изрази својата решеност ефикасно да ги исполни нејзините должности, тесно соработувајќи со тимот и сите заинтересирани страни за постигнување на заедничките цели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа