ЈСП „Скопје“ предупредува на лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“

 


ЈСП „Скопје“ утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“.

Ова, како што информираат, е објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена „Карта за јавен превоз на Скопје“ за која, како што тврдат, не е поврзана со ЈСП „Скопје“.

„Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните“, нагласуваат од ЈСП „Скопје“.

18.10.2024 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега