Јованчев: Кавадарци започнува со гасификација
На денешната расправа на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, го изнесе својот став во врска со поднесените амандмани за Предлог-буџетот за 2025 година, особено фокусирајќи се на проектот за гасификација на општина Кавадарци.
„Во вашето образложување кажавте само една вистина, дека Кавадарци е индустриски најразвиен град и втор град по извоз во Република Македонија, но заборавивте да кажете дека е еден од најголемите во земјоделието“, изјави Јованчев.
Јованчев објасни дека општина Кавадарци, во текот на минатите четири години, се обидувала да обезбеди средства за започнување на проектот за гасификација, но се соочувала со опструкција од власта предводена од СДС. Сега, како локална власт, Кавадарци најде начини и модели за отпочнување на проектот.
„Првиот дел од гасификацијата ќе биде до Западен булевар, а потоа со деталната разводна мрежа ќе се опфати комплексот Новиот центар, каде што сите висококатници и станбени згради ќе добијат гас. Потоа следуваат јавните објекти на територијата на општината. Овој проект нема да биде завршен во една година, тоа е повеќегодишен проект“, нагласи Јованчев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа