Јаневска: Очекувам учебната година да почне со минимални проблеми
Радикални промени ќе има, но тие ќе бидат видливи откако ќе бидат спроведени. Во МОН почнуваме со бројни отворени фронтови, но на сите нив со чекор по чекор постапки, кои ќе доведат до сериозни промени и кои на крајот ќе дадат позитивен ефект, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Во гостување во „Вести плус“ на ТВ Канал 5 вечерва Јаневска рече дека очекува учебната година да почне со минимални проблеми и сѐ друго да биде во ред, освен тоа што ќе нема учебници за странски јазици, како и учебници за етничките заедници во хартиена форма, но поставени на веб-страницата на Бирото за развој на образованието, за што, рече, не е виновна таа и сегашната Влада.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа