Исмаил: Нема енергетска независност дури не се одземат хидроцентралите на Мицкоски
- За да има енергетска независност, треба да се одземат хидроцентралите на вашиот лидер Мицкоски - од приватни во државни раце. Е, тогаш ќе има енергетска независност - истакна пратеникот од Левица - Реџеп Исмаил - Хактан на Собраниската седница по однос на измените во Законот за енергетика.
Според Исмаил, во Законот за минерални суровини, на пример, немаат предвидено почетна минимална цена за издавање на концесии.
- Ова не само што отвора голем простор за корупција, туку отвора и голем простор за политички договори, во овој случај партиски, односно вмровски, со странскиот капитал - појасни Исмаил.
Пратеникот Реџеп Исмаил се осврна и кон функционирањето на Министерството за економија.
- Ако вака го соголивте Министерството за економија, која е целта тоа да постои? Или, пак, тоа Министерство постои само за да го дели трудот на работниците на странскиот капитал за без пари!? Само заради тоа ли ќе постои тоа Министерство? Лажете дека ќе има енергетска независност! Како? Со тоа што ќе ги дадете потенцијалите на државата на приватен странски капитал или на домашни капиталисти, како што е, во суштина, премиерот на вашата држава и ред други ваши колеги тука? Значи, нема енергетска независност додека енергетските капацитети не дојдат во државни раце - поентираше Исмаил.
12.07.2024 - 10:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа