Иранка очајна: Сопругот ја изневерува со најдобрата пијателка , а таа не сака да му даде развод- сега тој и зададе брутален удар
Самира Заргара, селектор на женската скијачка репрезентација на Иран, е во проблем на кој не му се гледа крајот.
Имено, нејзиниот сопруг и забрани да биде со своите спортисти на Светското првенство во Кортина Д’Ампецо!
Законите во Иран му дозволуваат на мажот да и забранува на својата сопруга да ја напушта земјата, а сопругот на Самира, со кого е пет години, ја искористил таа можност затоа што таа не му даде развод.
View this post on Instagram
Самира е бесна бидејќи нејзиниот сопруг е во врска со нејзината најдобра пријателка и од инает не сака да се разведе.
- Не се согласив на развод и тој ми забрани да одам во Италија. Многу сум тажна и не можам да верувам во тоа. Побарав помош и од Меѓународната скијачка федерација, но ништо не можеа да сторат. Мојот сопруг, кој исто така е државјанин на Соединетите Американски Држави, секогаш се потсмеваше на мојата работа и на мојот тим - откри Самира, како што пренесе dw.com.
За време на Светското првенство, кое заврши во неделата, Самира телефонски разговараше со нејзините четворица натпреварувачи во алпско скијање - пред трката, меѓу трките и на крајот на денот.
- Горда сум на нив. Сега кога Светското првенство заврши, ќе започнам кампања за укинување на тој закон - кратко рече Самира.
View this post on Instagram
Скијачката Форух Абаси откри дека не е прв пат нејзиниот сопруг да не ја остава да се натпреварува.
- И претходно сме имале вакви проблеми. Би сакал сите жени во Иран да можат заедно да го менуваат законот. Самира е силна жена и сигурно може да ја добие оваа битка. Жал ми е што поради ова, сите мислат дека жените во Иран не се слободни. Можеме да правиме што сакаме, една од илјада жени, како што не може нашиот селектор - заклучи Абасијева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа