И оваа година нема да видиме зима: Високи температури и дожд наместо снег

Ако може да им се верува на долгорочните прогнози и оваа година, слично како и претходната нема да видиме некоја остра зима. Температурите до крајот на годинава се очекува да одат во негатива само во утринските и во вечерните часови додека преку ден, често ќе имаме температури кои ќе бидат и двоцифрени.
Речи си цел ноември температурите ќе бидат околу 15 степени со исклучок на последната недела кога максималните ќе бидат околу 10 степени. И утрата нема да бидат многу студени. Барем во Скопје до текот на цел ноември не се очекуваат мразови, односно температури во негатива.
По врнежите за викендт дожд се очекува и наредниот викенд како и кон крајот на месецот, а во меѓувреме се најавува релативно стабилно време но и зголемена облачност која веројатно ќе ни донесе проблеми со загадувањето.
Декември очекувано ќе биде постуден но не многу. Месецот ќе почне со стабилно време и температури кои наутро ќе се движат околу 0 степени а преку ден околу 10.
Кон средината на декември се најавува влажен бран кој би можел да донесе и снег, но високите температури нема да дозволат тој да се задржи во котлините.
Нешто постудено време се очекува во втората половина на последниот месец од годината. Тогаш се најавуваат утрински и вечерни температури кои ќе одат и до 5 степени под нулата но дневните ќе бидат релативно високи и ќе одат и до 7 степени.  Поголем дел од втората половина на декември ќе биде врнежлива а од температурите ќе зависи колку од овие врнежи ќе бидат од снег. Имајќи предвид дека се најавуваат температури над 5 степени, за очекување е повеќе од врнежите да бидат од дожд.

03.11.2023 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега