Хрватска амбасадорка: Семејството на Денис не може да верува, не знаеме како ќе постапат

 

Амбасадорката на Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ ја коментираше смртта на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот.

„Семејството е во шок, си заминаа од Скопје. Во овој момент е тешко да се каже какви мерки ќе преземат и како ќе постапат. Им ја пруживме сета човечка поддршка и конзуларна помош, а ќе видиме кога ќе дојдат резултатите од истрагата“, изјави амбасадорката Тигањ за РТЛ.

Во болницата се’ уште трае инспекцискиот надзор за смртта на ракометарот. Индекс. хр потсетува дека првично беше објавено оти кај Тот немало видливи повреди.

„Поради овие контрадикторни информации кои првично ги пласираа болницата и полицијата дека на телото на починатиот Денис немало траги на насилство, а по обдукцијата која даде различни резултати, министерот за здравство покрена истрага. Државното правобранителство го оквалификува кривичното дело убиство“, рече Тигањ.

Хрватскиот ракометар Денис Тот почина минатата недела откако три лица го нападнаа пред ноќниот клуб „Привилиџ“ во Скопје. По кратката вербална расправија, тројцата го нападнале Тот и му задале повеќе тупаници и клоци.

Тот паднал од ударите и со задниот дел од главата удрил во асфалтот при што изгубил свест. Осомничените продолжиле да го удираат по главата, а потоа без да му помогнат избегале. Лице вработено во ноќен клуб повикало брза помош, по што Тот бил донесен во клиниката Марија Тереза ​​каде починал.

11.04.2022 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега