Хорор во Австралија: Две деца избоделе жена до смрт
41-годишната Британка Ема Ловел, по потекло од областа Ипсвич, беше избодена до смрт на 26 декември за време на кражба во нејзиниот дом во Австралија. Полицијата потврди дека 41-годишната жена починала откога се соочила со натрапниците во својот дом во Норт Лејкс, пишува „Скај њуз“.
Нејзиниот 43-годишен сопруг Ли Ловел, кој исто така бил избоден, на новинарите им рекол дека неговото семејство е уништено. „Ема го држеше нашето семејство заедно. Беше толку убава личност. Сите сме уништени од нејзината загуба. Бесмислено е. Не знам зошто луѓето го прават ова“, рече Ли.
Двете 17-годишни момчиња се обвинети за убиство. Во полициското соопштение било наведено дека расправијата се случила на адресата во Витфилд Кресент и дека потоа се преселила во дворот.
Двајцата сторители побегнале пред да дојде полицијата. Инспекторите употребиле кучешка екипа за да лоцираат четворица тинејџери на блиска локација нешто пред 4 часот по полноќ, соопшти полицијата, пренесе „Индекс.хр“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа