Голем пожар во село Сирково, се шири многу брзо

Голем пожар избувна во село Сирково, Кавадарци. Градоначалникот Митко Јанчев ваквата вест ја објави на социјалните мрежи и кажа дека овој пожар се шири многу брзо.

„Голем пожар во с.Сирково кој за жал се шири брзо. Со интервенција е спасена фармата но сега борбата со огнот продолжува кон шумата. Сите екипи се на терен и се надеваме на брзо локализирање“, напиша градоначалникот Јанчев.

17.08.2024 - 14:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега