(ФОТО+ВИДЕО) Уште се крои крајната цена на струјата, Бислимовски вели дека се чека ЕСМ
Учеството во цената што ќе ја понуди ЕСМ, и кај ЕВН Хоум и кај Електродистрибуција и кај МЕПСО, е некаде околу 70-тина проценти, изјави Марко Бислимовски, првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, во вечерашното гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Значи влијанието на тоа што го нуди ЕСМ е исклучително големо, кажа Бислимовски.
Тој истакна дека не може ниту од околу да се формира цената, додека не стигне пресметката на ЕСМ.
„Мислам дека и тендерот ќе биде во текот на наредната недела. Од кога ќе ги добиеме тие податоци, нашиот модел е подготвен и за кратко ќе ги имаме конечните бројки во однос на крајната цена која што ќе ја плаќаат потрошувачите. Во меѓувреме ќе има и тендер, ми се чини утре, кај МЕПСО за набавка на загубите. Обврската кај ЕСМ повеќе е тргната, ЕСМ преку својата компанија за снабдување ќе си понуди цена како и сите останатите снабдувачи или трговци со електрична енергија. И верувам дека во тој дел, бидејчи во првите шест месеци цената за загубите во преносната мрежа беше 220 евра за мегават час, сега таа, имајќи во предвид дека се паднати и цените на берзите, дека ќе далеку пониска за последните шест месеци од годината“, изјави Бислимовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа