ФОТО: Министерот Минчев со букет цвеќе ја пречека претседавачката Кришто

 

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев со топло добредојде за Претседавачката со Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто.

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, денеска и посака топло добредојде на претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, г-ѓа Борјана Кришто, која престојува во официјална посета на нашата земја во пресрет на лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан посветен на имплементацијата на Планот за раст.

Минчев ја поздрави посетата на Претседавачката Кришто како силен сигнал за регионалната соработка и посветеноста на сите земји од Западен Балкан кон европската перспектива. 

Тој истакна дека овој самит претставува историска можност за нашите држави да го засилат темпото на реформи, со цел побрзо и поефикасно приближување кон Европската унија.

Претседателот на Владата на Република Македонија, проф. др. Христијан Мицкоски е домаќин на лидерска средба меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан, која се одржува во Скопје, на 30 јуни и 1 јули 2025 година каде ќе се разговара за спроведувањето на Планот за раст на ЕУ. 

На самитот ќе присуствуваат еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и премиерите на шесте држави од регионот: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора и Република Македонија.

Планот за раст на ЕУ има за цел да овозможи побрз економски и институционален напредок за земјите од Западен Балкан, преку конкретни реформи и зголемена поддршка од Европската унија. 

Средбата во Скопје ќе биде клучна можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот.

 

30.06.2025 - 17:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега