ФОТО: ДУИ постави македонско знаме на митингот вчера во Куманово - еве колку луѓе се собраа

 

ДУИ веќе подолг период одржува митинзи низ Македонија како начин да го мобилизира своето членство и да го изрази незадоволството што по последните избори остана во опозиција.


Партискиот лидер Ахмети заедно со партиското раководство вчера беше во Куманово. Интересно е што меѓу знамињата оки беа поставени во салата беше и македонското знаме, нешто што ретко се забележува на настани кои ги организира ДУИ.

Ахмети меѓу другото рече дека е подготвен за избори и дека посакува тие да се случат час поскоро. Рече дека евентуален пораз на идните избори ќе значи и крај на неговата кариера.

 

 

05.11.2024 - 14:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега