(ФОТО) Драма во тек: Француски репрезентативец се заканува дека ќе скокне од мостот
Вистинска драма во моментот се случува во Франција. 22-годишниот фудбалер на Ница Алексис Бека Бека се заканува ќе скокне од „Манјан вијадукт“ на височина од околу 100 метри.
Францускиот фудбалер, како што пишуваат локалните медиуми, се одлучил на ваков потег по прекинување на љубовна врска. До мостот дошол со своето возило „ауди а8“, а потоа само седнал на работ на мостот. На местото има зголемено присуство на полициски службеници кои се обидуваат да го убедат да не скокне.
Интервенцијата е во тек, а играчите на Ница се обидуваат да го контактираат фудбалерит. На местото пристигнал и клубскиот психолог.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа