Ерикен немал коронавирус, ниту пак примил вакцина

 

Во јавноста се појавија неосновани тврдења дека Кристијан Ериксен изгубил свест и колабирал бидејќи неодамна примил вакцина против Ковид-19.

Овие информации ги објавија од клубот чиј дрес го носи тој, Интер.

„Тој ниту имаше коронавирус, ниту пак имаше примено вакцина против Ковид-19“, изјави Бепе Марора, директор на Интер.

Состојбата на играчот на данската репрезентација Ериксен е стабилна, откако тој на вчерашниот натпревар со Финска колабираше на теренот, а лекарската служба итно почна со реанимација.

Докторите го реанимираа повеќе од 15 минути, по што беше пренесен во болница.

13.06.2021 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега