Костадинова: Арсовска го одложува ослободувањето на училиштата и градинките од комуналии

 


Советничката во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Костадинова, во своето излагање на седница на Советот на Град Скопје се обрати на градоначалничката Данела Арсовска укажувајќи дека за спроведување на иницијативите поднесени од општините се чека и неколку месеци.

„Јас барав прашање и од службите, односно од раководител за урбанизам. Зошто одлуката уште не е ставена како точка на дневен ред, за ослободување од комуналии на ОУ „Невена Ѓорѓиева Дуња’’, на градинката „8 март’’ и на ОУ „Кирил Пејчиновиќ’’, јас добив одговор дека раководителката на одделение била на боледување цели 2 месеци’’, истакна Костадинова.

Таа додаде дека сега брзопотезно, после Законот за измена на градежно земјиште се ставила оваа точка на дневен ред.

 

„Кога имаме ние Закон за градежно земјиште и немаме потреба да ја чекаме градоначалничката Арсовка, да ни ги одобри одлуките кои што со нетрпение ги чекаат градоначалниците за да им помогнат и да ги подобрат условите во училиштата и градинките’’, заклучи Костадинова.

27.11.2024 - 13:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега