Две лица се повредени откако вдишале чад при пожарот во Универзална сала


Две лица се повредени откако денеска избувна пожар во Универзалната сала во Скопје, која се реконструира, пренесе СДК.

Во пожарот, кој сега е локализиран, изгоре новата купола на салата, која беше поставена пред само десетина дена.

 

Две жени се однесени со Брза помош на Клиниката за токсикологија поради вдишување чад.

Како што пренесе СДК, тие не настрадале во салата, туку се жителки на соседната зграда, на која што пукнале прозорци, по што внатре влегол чад.

09.04.2024 - 11:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега