ДУИ загрижени: Премиерот не е обвинител па да ни се заканува со затвор
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро го осудува неодговорното однесување на премиерот, кој постојано ја користи својата државна позиција за да ги им се заканува на опозициските политичари, се вели во соопштението на опозициската партија.
“Ова не претставува ништо повеќе од отворена злоупотреба на власта, обид да се создаде лажна перцепција во јавноста и да се ограничи просторот на опозицијата за делување.
Дополнително, овие постапки вршат неприфатлив притисок врз независните институции на правосудството.
Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба.“ – се вели во соопштението на ДУИ
Овие постојани закани се незаконски и покажуваат ароганција, која е знак за неговата несигурност. Владеењето базирано на страв и манипулација не може да биде стандард во нашата демократија.
Доколку премиерот навистина е искрен во борбата против корупцијата, тој би го прифатил нашиот повик за независен и меѓународно посредуван процес на ветинг, кој ќе ги опфати сите партии и политичари, вклучувајќи го и него самиот.
Само таков транспарентен и сеопфатен процес ќе и служи на демократијата и ќе создаде доверлива политичка клима за нашите граѓани. – се вели во соопштението на ДУИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа