Драма во Грција: Маж со секира се заканувал на луѓе на улица, па се заклучил во стан
Вистинската драма се одвива на Халкидики, на Калитеа, каде што полициските преговарачки тимови пристигнаа пред зградата каде се забарикадирал човек со секира.
Загрижени граѓани повикале полиција околу 16 часот кога виделе вооружен маж како им се заканува на луѓето на улица.
Недолго потоа влегол во зграда на улицата Елефтериос Венизелос и наводно се заклучил во стан. Преговарачите се на лице место.
Не се знае дали вооружениот маж има барања, ниту дали повредил некого со секирата.
07.03.2025 - 19:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа