Доаѓа есен, а македонската блогерка Ви ги олеснува „проблемите“: Александра Шијакоска со модни комбинации за претстојната есенска сезона

Доаѓа есента. Полека, но сигурно, треба „да го исчистите“ Вашиот гардеробер од летните парчиња, а пак на нивно место, да ставите модни комбинации за есенската претстојна сезона. Доколку Ви недостасува инспирација за модни комбинации, македонска блогерка Александра Шијакоска веќе работи на решавање на тој сладок проблем.

Битолчанката на својот „Инстаграм“ профил веќе започна со објавување на видеа во кои дава идеи, за сите љубители на модата, модни комбинации за оваа есен.

Првото видео кое го објави е идеја за есенски „стајлинг“ во кој доминираат светло сината и црната боја. Едноставно и тренди. Ова е  прекрасна комбинација за Вашето работно место, кафе со пријателите, или ручек со семејството.

Кој рече дека е рано за чизми? Иако температурите се уште се високи, тоа не ја спречи Шијакоска да ги вметне чизмите во својот дневен стил и да ги импресионира и Србите.

Деновиве е во Ниш, Србија, каде има објавено повеќе фотографии, од разни локации во градот. Блогерката даде уште една идеја за модна комбинација за есен. На оваа фотографија комбинираше кафени чизми, каиш и ташна, со кратки куси тексас панталони и блуза со риги.

11.09.2022 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега