До петок стабилно и топло, за викендот повремен дожд и грмежи

 

До петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.

Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи.

Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

19.08.2025 - 12:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега