Денеска мажите им простуваат на сопругите: Се празнува Преподобна Теодора

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 септември Преподобна Теодора.

Преподобна Теодора првин живееше брачен живот. Но, се случи така што самата се излажа, па го измами својот маж со некој друг човек. Уште истата вечер доживуваше силен внатрешен потрес поради погрешниот избор, па го остави домот и мажот, и стапи во машкиот манастир Октодекат под името Теодор. А додека беше во манастирот, некоја блудница го наклевети овој Теодор пред игуменот дека ја обесчестил, па игуменот ја истера Теодора од манастирот. Блажената Теодора ова го прими мирно и цели седум години се грижеше за детето на блудницата. Потоа игуменот и дозволи да се врати во манастирот, каде таа проживеа уште две години. По нејзината смрт, игуменот виде дека Теодор е жена. Нему му беше откриен од Бога и нејзиниот таен подвиг. А кога за нејзината смрт дозна и мажот и, и самиот стапи во манастирот Октодекат и остатокот од животот го помина тука. Блажена Теодора се уполои во 490 година.


 

Христијанството проповеда дека на овој ден мажите треба да најдат сила да им ги простат гревовите на своите сопруги, како што тоа го направил сопругот на Теодора.

24.09.2024 - 18:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега