Да не одат на работа луѓето и да има контрола на возилата, толку бил едноставен проблемот: ВМРО-ДПМНЕ ги критикува предлозите на СДС за решавање на проблемот со аерозагадувањето

 


Со голема сериозност ги разгледавме предлозите на СДС за аерозагадувањето прашувајќи се зошто, ако воопшто знаеле, како треба до пред 6 месеци со прст не мрднаа за да го решат ова горливо прашање. Но, сфатиме за што се работи. И така читаме да видиме дали има нешто зрело и дали се промениле во СДС, иако има поговорка кај нас дека волкот ја менува кожата но наравот никогаш, кога има што да видиме. Не само што не се промениле, туку тие продолжуваат да тонат. Да, почитувани граѓани. И тоа можело. Мерките на СДС за борба против аерозагадувањето биле да не одат на работа луѓето. И да има контрола на возилата. Ете. Толку бил едноставен проблемот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, да бидеме сериозни, трагедија се обидите на СДС загадувањето да го третира како тема. Освен што играат на картата дека народот заборавил дека до пред 6 месеци беа на власт и немаа ниту една, повторуваме ниту една мерка за животната средина, тие очигледно го потценуваат и капацитетот на народот кој јасно гледа дека ова што го предлага СДС не само што не се мерки туку се избрзани прес конференции да исполнат квота за која центарот за комуникации на СДС си добива добра плата. Не само што ова не се мерки, туку се далеку од тоа што е потребно за да се реши проблемот а дури и да се ублажи. Ние планиравме секако одредени категории на вработени да препорачаме и наложиме да бидат ослободени од работни обврски, но за решавање на загадувањето потребни се сериозни чекори и длабоки промени и инвестиции. Нешто кое ние го припремаме и за кое одвојуваме буџет и нешто за чија реализација е потребно време. Да мислеа повеќе на животната средина, наместо да крадат од кај ќе стигнат, СДС ќе направеа нешто по што ќе може да ги паметиме надвор од скандалите за набавки, криминални тендери, уништување на институциите и енергетскиот систем преку пљачка на РЕК Битола и ЕСМ, измеќарството кон ДУИ и националните предавства, трагедијата од пожарот во криминалната модуларна болница на Филипче, несреќите на Дурмо турс на пајташот на ДУИ, како и многу други наместени тендери и криминални злоупотреби.


Затоа, обмислете ги убаво соопштенијата, а за тоа не е потребно само плата туку и капацитет и интегритет. Очигледно кај вас недостасуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

10.01.2025 - 16:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега