Цела Флорида бега од ураганот - тие со авион летаат во неговиот центар (ВИДЕО)

 

Ураганот Милтон се движи низ Мексиканскиот Залив и се поблиску до Флорида.

Ударот се очекува во текот на среда, а разорниот ураган ќе влезе со својот центар од Мексиканскиот залив над западниот брег на Флорида, во близина на милионскиот град Тампа.

Во претходните 24 часа, ураганот, како бура од петта категорија, го помина својот центар малку северно од северниот брег на Јукатан.

Флорида се подготвува за катастрофално сценарио, а разорниот удар на ураганот се очекува во западна и централна Флорида.

На Тампа и се заканува огромно уништување, а милиони се евакуирани пред да удри невремето.

Ураганот ќе донесе на Флорида ветрови од 200 км/ч, над 300 литри дожд, плимни бранови од неколку метри, но и големи поплави.

Секој што нема да се евакуира во загрозените подрачја ќе биде директно загрозен од ураганот.

И додека милиони бегаат пред ударот на ураганот Милтон, група научници полетаа директно во окото на ураганот, односно во неговиот центар, а спокојството на средината на ураганот ја покажа сета моќ на природата.

Инаку, внатре во окото на ураганот времето е ведро, тивко и мирно, а директно до окото на ураганот се бележат најсилните ветрови на земјината топка кои можат да надминат 350 км/ч.

Воздушниот притисок во центарот на ураганот Милто падна на неверојатни 886 милибари, а налетите на ветерот беа неверојатни 320 км/ч.

09.10.2024 - 10:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега