Бугарскиот амбасадор се сретна со Гаши: Минатото не може да се смени, но иднината може

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Желјазко Радуков, новоименуван амбасадор на Република Бугарија, при што му посака успешна и плодна работа во нашата земја.

„Во однос на парламентарната соработка, се очекува продолжување и динамизирање на  истата преку парламентарните комисии и пратенички групи, но и на повисоко ниво, со заемни посети. Треба да се најде форма на разбирање, на дијалог за градење добрососедски односи, бидејќи минатото не може да се смени, но иднината може, и тоа ќе се постигне со позитивна волја и добри намери. Членството во ЕУ ќе биде добро не само за нашата земја, туку и за Бугарија и за целиот Регион“, информираат од Кабинетот на собранискиот спикер.

Оттаму додаваат дека средбата испраќа пораки за продлабочување на соработката, подготвеност за отворен разговор и приближување на народите. Во овој контекст, битна е инфраструктурната поврзаност и фокусот да се стави на Коридорот 8, кој е од стратешки интерес.

„На крајот, претседателот Гаши посака успешни и мирни претстојни избори во Бугарија, кои ќе донесат стабилна влада, која ќе работи на градење на заемните односи“, стои во соопштението.

19.09.2024 - 18:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега