Убиството се случило во понеделникот, некаде по полноќ, во клубот Кран во бирмингемскиот кварт Дигбет, окуг Западен Мидленд, пренесува Би-Би-Си.
И покрај напорите да се смаси животот на избодениот младич, тој по половина час по нападот е прогласен за мртов, соопшти полицијата на Западен Мидленд.
„Младичот уживал со пријателите во ноќното излегување таа празнична вечер на Денот на подароците, кој традиционално се одбележува по Божиќ, рече инспекторката Мишел Тургуд.
Полицијата верува дека на жртвата ѝ пришла група малдичи пред да биде избоден до смрт и ги повикува сите кои биле во клубот, да се јават во полиција доколку имаат информации за напаѓачите.
„Знаеме дека во тоа време имало повеќе од стотина луѓе во ноќниот клуб. Иако разговаравме со некои од нив, уште се обидуваме да стапиме во контакт со други сведоци меѓу кои можеби има и такви кои го снимиле инцидентот“, рече инспекторката Тургуд.