Борисов: Зборовите на Мицкоски се апсолутна провокација

 

Зборовите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски се апсолутна провокација и на истите не треба да им се обрнува внимание.

Ова го изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов во врска со изјавата на Мицкоски во Собранието дека не гледа причина за вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, јави БГНЕС.

Борисов истакна дека бугарското МНР одговорило соодветно на провокацијата, според медиумот.

13.02.2025 - 19:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега