Битиќи: Неколку илјади компании ќе платат кризен данок

 

 

Освен банките и трговски друштва и компании кои се во производство ќе бидат опфатени со кризниот данок од 30 отсто на добивката остварена годинава од над 10 милиони евра, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот појасни дека овој данок ќе биде еднократен и се однесува само за профитот кој е остварен годинава и е поголем од четирикогишниот просек.  Со него се очекува да се опфатат неколку илјади компании.

-Компаниите коишто ќесе опфатат со овој данок се сите кои имаат приход над 10 милиони евра. Ако нивниот просечен профит од последните 4 години не е над 20 отсто овааа година нема да бидат опфатени со овој данок. Тие што ќе имаат просечен профит последните 4 години зедно со остварениеот годинава повисок од  1,2 милион евра ќе го плаќаат овој данок. За разликата остварена над овој профит се пресметува даночна стапка од 30 отсто. Пример, ако некоја фирма имала профит од 1,2 милиони евра, а во меѓувреме тој се зголемил на 2 милиони евра – разликата од 800.000 евра ќе подлежи на 30 отсто данок на добивка, само за оваа година. Тоа се дополнителни 240.000 евра кои ќе бидат платени на име на данок на добивка. Може да претпоставие дека станува збор за неколку илјади компании – рече Битиќи.

28.12.2022 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега